Палестински офицери убиени од страна на Израелци

Израелско и палестинско знаме/ Фото Архива на Слободен печат

Убиени се двајца офицери од Палестина, при напад на Вест Банк извршен од страна на израелски специјални сили, пренесува Би-Би-Си.

Израелците вечерта влегле во Јенин за да уапсат двајца осомничени Палестинци, за кои се мислело дека неодамна извршиле напад врз израелски војници.

Палестинската банка инаку го координира своето обезбедување заедно со Израел и вакви судири при вакви операции се навистина ретки.

Двата офицери кои биле дел од палестинскиот оддел за воено разузнавање, биле убиени во престрелката во која имало и трет повреден, пренесуваат палестинските медиуми.

Израелската гранична полиција изјави дека членови на анти-терористичката група, Јамам, синоќа пристигнале во Јенин за да ги уапсат осомничените, по што тие започнале да пукаат кон нив. Тие го возвратиле нападот и ги погодиле трите вооружени лица.

Инцидентот доаѓа само неколку недели по крајот на конфликтот помеѓу двете држави во Газа, каде имаше најмалку 256 жртви.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот