Палестинка убиена кога се обидела да избоде неколку војници 

Фото: Твитер

Израелските безбедносни сили убиле една Палестинка која се обидела да ги избоди на контролен пункт на окупираниот Западен брег, соопштила полицијата.

На видео снимката, чија автентичност не е потврдена, се гледа маж кој пука кон жената која паѓа и испушта нешто од рака, пренесува Ројтерс.

Портпаролот на израелската полиција на Твитер објавил дека жената се обидела да изврши напад на контролен пункт и приложил фотографија од ножот со кој наводно се обидела да ги избоде војниците.

Палестинскиот министер за здравје потврдил дека жената и подлегнала на повредите, но не открил повеќе детали.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот