Палестинците ги отфрлија американските обвинувања дека потикнуваат насилство

Фото: МИА

„Оние кои го правеа планот за анексија и апартхејд и легализација на окупацијата и населбите се тие кои ја сносат целосната одговорност за продлабочувањето на циклусот насилство и екстремизам“, соопшти палестинскиот преговарач Саеб Ееракат.

Палестинците денеска ги отфрлија обвинувањата од САД за потикнување на насилството, по изминатиот ден судири и напади, во кои тројца Палестинци беа убиени и повеќе од десет Израелци ранети.

Палестинската страна тврди дека насилството е последица на блискоисточната иницијатива на претседателот Доналд Трамп која нагласено го фаворизира Израел во однос на сите спорни прашања во судирот и на оваа земја ќе и дозволи да анектира големи делови од Западниот брег.

– Оние кои го правеа планот за анексија и апартхејд и легализација на окупацијата и населбите се тие кои ја сносат целосната одговорност за продлабочувањето на циклусот насилство и екстремизам – соопшти палестинскиот преговарач Саеб Ееракат.

Ова е одговорот на изјавата на Џерад Кушнер, високиот советник и воедно зет на претседателот Трамп, главниот автор на планот, кој го обвини палестинскиот претседател Махмуд Абас за најновото насилство.

Ерекат рече дека Абас наскоро ќе го претстави својот план пред Советот за безбедност на ОН за кој рече дека е темелен на меѓународото право и на решението според моделот две држави долж границата од 1967 година.

Палестинците сакаат независна држава на Западниот брег, Источен Ерусалим и Појасот Газа, териториите кои Израел ги освои во војната од 1967 година.

Еврејските населби на Западниот брег и Источен Ерусалим, каде живеат околу 700.000 лица, тие ги сметаат за главната пречка за мирот.

Поголемиот дел од меѓународната заедница овие еврејски населби ги сметата за нелегални.

Кушнер речиси три години го подготвуваше планот, а сега оцени дека лидерите се подготвени за државата „да не повикуваат на денови на гневот и да не го охрабруваат својот народ на насилство, доколку не го добијат тоа што го посакуваат“.

Тој кажа дека мисли дека Абас „бил изненаден колку е планот добар за палестинскиот народ, но дека го спречува тоа што документот однапред го отфрли“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот