Палестина размислува за затворање на сите гранични премини поради коронавирусот

Фото: МИА

Палестинскиот претседател Махмуд Абас синоќа прогласи триесетдневна вонредна состојба, по извештаите за заразни со новиот коронавирус во Витлеем на Западниот брег.

Таа одлука ја објави палестинскиот премиер Мохамед Штајех неколку часа откако официјалните лица ја затворија витлеемската базилика на Исусовото раѓање, за која се верува дека е изградена на местото кадешто е роден Исус Христос, и им забранија на странските туристи престој во хотелите на Западниот брег.

– Одличивме да прогласиме вонредна состојба на сите палестински подрачја поради опасноста од коронавирусот и за да го спречиме неговото ширење – рече премиерот.

Според неговите зборови, палестинските власти исто така размислуваат за затворање на сите гранични премини.

Министерот за здравство Маи Алкаила рече дека седум лица се позитивни на коронавирусот и дека сите тие се палестински работници во хотелот „Ангел“ во Витлеем, пренесува „Индекс“.

Здравствените работници веруваат дека тие седум лица, кои се првите пријавени случаи на заразата на окупираната палестинска територија, се заразиле од туристи кои неодамна престојувале во хотелот.

Базиликата на Исусовото раѓање ќе биде затворена две недели, како и другите цркви и џамии на подрачјето на Витлеем.

Забрана за доаѓањето на странски гости во хотелите на Западниот брег исто така ќе бидат на сила две недели, нагласи министерството за туризам.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот