Палестина побара Косово да ја преиспита одлуката за Ерусалим

Палестинското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека одлуката на Приштина да отвори претставништво во Ерусалим е разочарувачка и ја повика да ја преиспита одлуката и да ја повлече.

Според палестинската агенција Вафа, Министерството навело дека одлуката на Приштина е спротивна на сè што тамошните власти се обидуваат да сторат за да го убедат светот да ја признае независноста на Косово, јави Танјуг повикувајќи се на порталот Репортери.

Палестинското МНР смета дека одлуката на Приштина е погрешна и оти нејзиното повлекување ќе претставува пример за посветеност на законитоста и меѓународното право.

Пред два дена Косово и Израел потпишаа договор за воспоставување дипломатски односи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот