Палестина ја отфрли мировната иницијатива на САД

Фото: Википедиа

Белата куќа денеска соопшти дека ги повикала израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот главен политички опонент Бени Генц следната недела да дискутираат за „шансите за мир” со Палестинците.

Палестинската управа повтори дека ја отфрла мировната иницијатива на САД по најавата дека за неа ќе се дискутира следната недела во Вашингтон со израелските лидери.

„Предупредуваме дека секој американски проект ќе го прекрши меѓународното право”, изјави портпаролот на палестинскиот претседател Махмуд Абас, Набил Рудејне, додавајќи дека Палестинците ја отфрлаат иницијативата на претседателот на САД Доналд Трамп да се реши израелско-палестинскиот судир, пренесуваат француските медиуми.
Белата куќа денеска соопшти дека ги повикала израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот главен политички опонент Бени Генц следната недела да дискутираат за „шансите за мир” со Палестинците, кои веќе претходно го отфрлија долго очекуваниот план на нивната администрација, наведуваат американските медиуми.
Американскиот потпретседател Мајк Пенс вчера го формализира повикот на средбата со Нетанајху во Ерусалим, откако претходно се обрати на меѓународниот форум за Холокаустот.
Тој кажа дека повикот, исто така, е упатен и до Ганц, поранешен командант на израелската војска и ривал на Нетанјаху на парламентарните избори закажани за 2 март.

Според очекувањата, планот ќе биде во корист на Израел и тешко дека ќе биде поддржан од меѓународната заедница бидејќи се смета дека ќе ги поткопа шансите за решение на деценискиот судир според моделот на две држави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот