Палатата на Махараџа во Индија е огласена на Airbnb: Ќе ви се сврти во главата од цената за ноќевање (ВИДЕО)

фото: Airbnb

Индиски Махараџа ја огласил дел од својата палата во Џајпур на страницата за изнајмување недвижнини, „Airbnb“.

За околу 8.000 долари за ноќ, посетителите ќе можат да го искусат кралскиот живот во 300 години старата палата.

Махараџата им ветува на гостите „инспиративно патување во богатата историја, културното наследство и уметничките традиции на кралското семејство Џајпур“ за време на нивниот престој во апартманот Гадли.

Понудата вклучува батлер и водич кој ќе биде одговорен за стручно водење, вклучително и шопинг турнеја, туристичко разгледување на локалните музеи и други екскурзии, сите вклучени во цената.

Ова е прв пат палатата да се понуди комерцијално. Претходно посетители беа поранешниот американски претседател Бил Клинтон, принцезата Дајана и Џеки Кенеди.

Палатата е изградена во 1727 година од Махараџата кој го основал Џајпур – Саваи Џаи Синг Втори. Престојот во палатата вклучува локални кулинарски специјалитети и нуди прекрасен поглед на околните ридови на Аравали.

Средствата од изнајмување на апартманот ќе бидат уплатени на Фондацијата на принцезата Дија Кумари, која ги поддржува жените и уметниците во руралните области.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот