Паладиумот достигна нов рекорд од 1.600 долари за унца

За прв пат во историјата, паладиумот достигна цена од 1.600 долари за унца, со речиси слаб нагорен тренд, додека глобалната понуда е затегната, објави „Bloomberg“.

Цената на металот, кој главно се користи во катализаторите за бензински мотори, речиси двојно се зголеми од најниските нивоа од август минатата година. Побарувачката останува стабилна, бидејќи производителите се обидуваат да го употребуваат паладиумот за да ги исполнат построгите мерки за контрола на емисиите. Меѓу другото, високата побарувачка е факт дури и во услови на забавување на продажбата на автомобили на клучните пазари.

Очекувањата се осма година по ред да има дефицит во снабдувањето со паладиум. Во овој контекст, шпекулацитее се вратија, а неодамнешното повлекување на речиси 863.000 возила од „Fiat Chrysler Automobiles“ за прекршување на американските стандарди, што може дополнително да ја стимулира побарувачката.

Сериозното поскапување на металот дури и ја покренува дебатата околу тоа дали производителите на автомобили можат да се префрлат на поевтини материјали за да ги контролираат нивните трошоци.

– Ние остануваме настроени за цената на паладиумот, бидејќи на физичкиот пазар понудата е доста мала и ќе бидат потребни години за да се најде замена“, велат аналитичарите во „Citigroup“.

Паладиумот се зголеми за 1,4% на берзата во Лондон до 1.601,52 долари за унца. Од „Bank of America Merrill Lynch“ претходно овој месец ја зголемија својата просечна прогноза од 2019 до 1.800 долари за унца, што укажува на тоа дека цените би можеле да се зголемат до 2.000 долари за унца.

Паладиумот е редок метал кој се произведува првенствено во две земји, па затоа не е можно веднаш да се зголеми продуктивноста. Повеќе од 80% од паладиумот доаѓа како нуспроизвод од екстракција на никел во Русија и екстракција на платина во Јужна Африка, така што залихите зависат од приносите и од инвестициите во други минерали.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот