„Пакомак” донира контејнери за собирање и складирање отпадно стакло во Берово

 Фирмата „Пакомак” донираше пластични контејнери наменети за собирање и складирање отпадно стакло во Берово. Контејнерите, како што информираа надлежните, ќе бидат поставени на фреквентни локации на јавно-прометни површини во градот.
-Апелираме до сите граѓани на Општина Берово, да ги користат контејнерите, исклучиво за селекција на отпадно стакло (амбалажа од шишиња и тегли) и одговорно да се однесуваат со поставените контејнери. Очекуваме со нивна употреба да се засили системот за собирање на отпад, кој може да биде реупотребен и рециклиран, информираа надлежните.
Ова, како што додадоа, е само почеток на селектирање на комуналниот отпад во Општина Берово.
-Во иднина треба да направиме селекција и на преостанатиот отпад, зошто само така ќе придонесеме кон чиста и здрава животна средина, за сите нас, додадоа надлежните.
Со првата донација доделени се вкупно 12 пластични контејнери со површина од 1,5 кубни метри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот