Пакистанскиот премиер отпатува во Иран во обид да ги смири тензиите во регионот

Фото: Профимедиа/AFP PHOTO / HO / IRANIAN PRESIDENCY

Премиерот на Пакистан, Имран Кан, отпатува во Иран за да се обиде да ги намали тензиите меѓу Иран и Саудиска Арабија.

Министерството за надворешни работи на Пакистан соопшти дека посетата на Кан на Техеран ќе се фокусира на „мирот и безбедноста во регионот”.

Кан се сретнa со врховниот лидер во Иран, ајатолахот Али Хамнеи и со претседателот Хасан Рохани.

По Техеран, Кан ќе отпатува за Ријад, главниот град на Саудиска Арабија. Пакистан е близок сојузник на Саудиска Арабија, но се обидува дипломатски  да балансира меѓу Техеран и Ријад

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот