Пакистанската полиција упадна во скривница, убиени четворица екстремисти

Фото: ЕПА

Официјални лица исто така изјавија дека убиените екстремисти најверојатно припаѓаат на забранетата група.

Пакистанските сили за борба против тероризмот денеска извршија упад во скривница на северозападниот дел на земјата, што доведе до пресметка во која загинаа четворица осомничени, соопшти полицијата.

За време на операцијата, полицијата заплени пушки и друго оружје.

Осомничените се собрале во куќа во Пешавар за да планираат напади, соопшти провинциската полиција.

„Операцијата беше успешна и спаси многу невини луѓе од можни напади, се наведува во соопштението.

Официјални лица исто така изјавија дека убиените екстремисти најверојатно припаѓаат на забранетата група.

Провинцијата Кибер Пактунква, каде се наоѓа Пашавар, граничи со Авганистан и во последните години беше цел на десетина екстремистички напади, од кои за повеќето одговорноста ја презедоа пакистанските талибанци. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот