Пакистан го повлекува амбасадорот од Индија

Фото: Принтскрин

Пакистан денеска објави дека го намали нивото на дипломатски односи со Индија поради прашањето за Кашмир.

Пакистанските власти ќе го отповикаат амбасадорот од Индија и ќе го протераат индискиот дипломат.
Официјален Исламабад соопшти и дека ќе разгледа и учество во Договорот за билатерална трговија со Индија. Во соопштение се нагласува дека Пакистан ќе побара за Кашмир да се разговара во Советот за безбедност на Обединети нации.

Додека пакистанскиот премиер Имран Кан апелираше армијата и понатаму да биде во состојба на зголемена готовност.

Односите помеѓу Исламабад и Њу Делхи од понеделникот повторно се тензични откако Индија со претседателски указ ја ја отповика уставната автономија на Џаму и Кашмир, во северниот дел на Индија
Парламентот на Индија вчера усвои одлука за реорганизација и нова класификација на државите Џаму и Кашмир, со која Владата во Њу Делхи ќе има поголема власт над регионот со мнозинското муслиманско население. Со Законот кој го усвои Долниот дом се менува административниот статус на Џаму и Кашмир од држава во сојузна територија. Се очекува денеска да бидат назначени владини гувернери за оваа област.

По укинувањето на автономијата, избувнаа повеќе протести. Властите ја суспендираа употребата на интернет и мобилни телефони во неколку области и забранија јавни собири во Сринигар. Безбедносните сили приведоа над 100 лица, меѓу кои и политички лидери и активисти, со оценка дека биле закана по мирот и стабилноста во Кашмирската Долина.

При протестите во индискиот дел на Кашмир, денеска загина демонстрант, што е прва жртва по укинувањето на автономијата на провинцијата. Демонстрантот загина откако полицијата го бркала за време на полицискиот час, по што тој скокнал во реката Џелам и загина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот