Пакистан: Депортиран американски новинар кој ја критикувал слободата на медиумите

Властите во Пакистан депортирале американски новинар во Вашингтон, по неговото пристигнување на аеродромот во Лахоре, со цел да ја претставува глобалната група за слобода на медиумите.

Стивен Батлер, координатор на Азиската програма во КПЈ планирал да присуствува на конференцијата „Асма Јахангир – Патоказ за човековите права во Пакистан“. Во јули, Батлер напиша статија во „Вашингтон пост“ за ударот на владата на премиерот Имран Кан врз слободата на медиумите во Пакистан.

Групата соопшти дека службеникот за имиграција на меѓународниот аеродром „Алама Икбал“ во Лахоре му рекол на Батлер оти визата му е валидна, но дека му била укината бидејќи неговото име е на списокот за запирање на пакистанското МВР. Исто така му бил одземен и пасошот, а тој бил принуден да се качи на летот за Доха во Катар. Оттаму катарските власти го качиле на лет за Вашингтон.

Барајќи целосно објаснување за инцидентот и исправање на оваа грешка, Џоел Симон, извршниот директор на КПЈ рече: „Ако владата е заинтересирана да ја покаже својата заложба за слобода на медиумите, треба да спроведе брза и транспарентна истрага за овој случај“.

Новинари и истакнати луѓе ширум светот го доведоа во прашање ставот на пакистанската влада и побараа од премиерот Имран Кан да интервенира во инцидентот.

„Секој што наредил да му се забрани влез на Стивен Батлер и го принудил да се врати во САД, всушност се обидува да му каже на целиот свет дека демократијата во Пакистан е измама и сите оние што сакаат да зборуваат за слобода на медиумите нема да бидат толерирани – дали е ова новиот Пакистан на Имран Кан?“, напиша истакнатиот пакистански новинар Хамид Мир на Твитер.

„Амнести интернешнел“ одлуката ја нарече ,,алармантен знак дека слободата на изразување продолжува да се напаѓа во Пакистан“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот