Пакистан депортира стотици бегалци кои избегаа од талибанците во Авганистан

Бегалци од Авганистан / Фото: EPA-EFE/Roman Rios

Пакистанските власти депортираа стотици авганистански бегалци кои преминаа во земјата преку копнени патишта, откако талибанските сили го зазедоа Кабул минатиот месец, соопштија денеска официјални лица.

Бегалците, меѓу кои и деца, беа депортирани преку граничниот премин Чаман во југозападната провинција Балучистан, поради недостиг на валидни патни исправи, изјави официјален претставник.

Локалните медиуми јавија дека властите депортирале повеќе од 200 авганистански државјани кои барале засолниште, откако луѓето влегле во земјата и поминале неколку дена во провинцијата Балучистан.

Бројот на депортирани, според некои извори, е повеќе од 700 луѓе. Сепак, провинциската влада и граничните власти ниту го потврдија ниту го открија точниот број.

Пакистанските власти соопштија дека не направиле никакви договори за нови бегалци.

Претходно, министерот за надворешни работи Шах Махмуд Куреши изјави дека земјата нема капацитет да го носи товарот на дополнителни бегалци.

Извор: МИА

Видео на денот