Пакетот за опоравување на ЕУ треба да содржи повеќе грантови, а не заеми

Лидерите на ЕУ се договорија во април да формираат фонд за итна поддршка на економијата за опоравување на 27те земји членки од пандемијата, а за конечните детали од овој фонд се уште не е разговарано.

Пакетот мерки на Европската унија за помош на економијата да се опорави од пандемијата од корона вирусот би требало во поголем дел да се состои од грантови а не од заеми.

Ова за германски „Шпигл“ го изјави Гита Гопинат, главен економист на Меѓународниот монетарен фонд.

– Во спротивно, пакетот мерки нема да генерира економско опоравување, оценува Гопинат во изјава која денеска ја објави германскиот магазин, а ја пренесе „Ројтерс“.

Лидерите на ЕУ се договорија во април да формираат фонд за итна поддршка на економијата за опоравување на 27те земји членки од пандемијата, а за конечните детали од овој фонд се уште не е разговарано.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот