Пакети со храна на месечно ниво за социјало ранливи категории граѓани од Куманово преку проектот „Оброк за сите”

фото: МИА

Пет семејства од Куманово и соседните општини добиваат храна на месечно ниво во рамки на пилот проектот „Оброк за сите” финансиран од Фондот за иновации, поддржан од Министерството за труд и социјална политика, соопшти денеска кумановскиот Црвен Крст.

– Црвен крст на Република Македонија – општинска организација Куманово по иницијатива и соработка со невладините организации „Сите Сити” и „Ајде Македонија” се вклучи во програмата за дистрибуција на прехранбени семејни пакети за семејства од социјален ризик. Во програмата за оваа година предвидено е да бидат опфатени пет повеќечлени семејства од социјален ризик на кои еднаш месечно ќе им се дистрибуира фамилијарен пакет со конзервирана храна, изјави Бојан Петрушевски од кумановскиот Црвен Крст.

Годинава во проектот опфатени се три повеќечлени семејства од градот Куманово и по едно семејство од селата Драгоманце и Степанце.

– Се надеваме дека во иднина ќе успееме да го прошириме бројот на семејства кои ќе бидат опфатени со оваа програма, изјави Петрушевски.

Со оваа програма во вид на пилот проект опфатени се и семејствата од Прилеп и Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот