Пакет од 200 милиони евра за поддршка на работниците, стопанството и фирмите

СДСМ со предлози до Владата со цел справување со кризата во државата.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на својот фејсбук профил напиша дека граѓаните треба да знаат дека прво е испорачан голем пакет од 200 милиони евра наменети за економски мерки за справување со кризата во стопанството и фирмите како и за поддршка на работниците.

Тој посочува дека како и другите политички партии, така и СДСМ дала предлози до Владата со цел справување со кризата во државата.

-Мерките имаат за цел да ги задржат работниците на работа и да им обезбедат минимум приход, како и за санација на буџетот, за да може да ги финансира основните функции на државата и за социјалните придонеси, напиша Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот