Пакет мерки за поддршка на грчката економија во вредност од 26 милијарди евра

Пакетот мерки за поддршка на економијата, како што објасни Ципрас, е во висина од 26 милијарди евра, за период од шест месеци, од кои 14 милијарди да бидат итни мерки, а останатите 12 милијарди за ликвидност на реалната економија.

Денеска со чувство на одговорност ги доставуваме нашите предлози за итни интервенции за по оваа криза да останеме исправени, а кога ќе излеземе од дома да не најдеме пуста земја, невработени, катанци на врата и распадната економија, рече лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас, презентирајќи ја програмата на опозициската партија „Остануваме исправени”, јави дописничката на МИА од Атина.

Пакетот мерки за поддршка на економијата, како што објасни Ципрас, е во висина од 26 милијарди евра, за период од шест месеци, од кои 14 милијарди да бидат итни мерки, а останатите 12 милијарди за ликвидност на реалната економија.

Поддршка за здравствениот систем со дополнителни една милијарда евра и 4.000 нови вработувања; специјален додаток за социјална солидарност во вид на дивиденда од 1,5 милијарди евра за покривање на неосигураните работни места, хонорарните вработувања и сл; целосно покривање на платите, придонесите и бонусот за Велигден за вработените во приватниот сектор до крајот на мај; одложување на даночните обврски за шест месеци; замрзнување на долговите за заем и други банкарски обврски додека трае здравствената криза; програма за неповратна помош од три милијарди евра и средни претпријатија кои немаат пристап до банкарско кредитирање засновано на промет, се мерките што ги предлага најголемата грчка опозициска партија.

Прочитајте и...  Едуар Филип: Одлуката за отворање на надворешните граници на ЕУ по 15 јуни

-Денес дилемата е една: Остануваме исправени со храбри мерки за поддршка на економијата сега или утре кога ќе заврши пандемијата, да ги гледаме остатоците и да се впуштиме во нови перипетии, национални перипетии, кои за жал сите неодамна ги доживеавме и знаеме колку се болни. На оваа дилема ние одговараме: Остануваме исправени со храбри мерки за поддршка на економијата сега, токму затоа што имаме можност да го сториме тоа, главно искористувајќи го нашето големо оружје, резервата што за итен случај ја создадовме од 37 милијарди евра и сега е итноста, рече Ципрас.

Лидерот на СИРИЗА објасни дека нивниот план се темели на три меѓусебно поврзани столбови: квалитет, квантитет и време на интервенциите.

Прочитајте и...  Исклучена од светот: Шведска ќе плати висока цена заради стратегијата за борба против коронавирусот

Во однос на квантитетот рече дека во овој момент земјата на располагање има околу 20 милијарди евра од резервите во висина од 37 милијарди евра, од кои 16,5 милијарди се „се заклучени” за отплата на долгот.

Квалитетот се однесува на задржување на висината на платите и работните односи онака како што беа како пред пандемијата и кризата.

Прочитај повеќе

Гутереш: Простување на долговите и на земјите во развој

Слободен печат

Полицајка од Куманово опомената за своето недолично однесување, возела со нозете кренати на волан (ВИДЕО)

Слободен печат

Зекири: СДСМ сака брзи избори на кои ќе учествуваат сите политички чинители

Слободен печат

Синоличка: Инаетот на мнозинството ќе го сотре и најсовесниот граѓанин

Слободен печат

Нови правила и за капење во базени во Грција и за лежење покрај море, ова е задолжително летово

Слободен печат

Министерство за правда: Истрагата за смртта на Џорџ Флојд е „главен приоритет” (ВИДЕО)

МИА Агенција

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Јанушев: СДСМ роковите за избори ги вади од ракав

Слободен печат

„Проба за протест“ на партијата на премиерот Курти во Приштина

МИА Агенција

Франција наскоро целосно ќе излезе од мерките на изолација

МИА Агенција

Едуар Филип: Одлуката за отворање на надворешните граници на ЕУ по 15 јуни

МИА Агенција

Бебе позитивно на ковид-19 со специјален лет префрлено на клиника во Швајцарија

Слободен печат

СДСМ: Чулев со невистини се обидува да ја вознемирува јавноста

Слободен печат