Пак тој Номе Калју: Шкендија може до плејоф на Лига Европа!

Фото: Фејсбук/Шкендија

Шкендија од групата 2 би можела повторно да ги одмери силите против Номе Калју од Естонија од кого беше елиминирана изненадувачки во првото квалификациско коло за Лигата на шампионите.

Потенцијални ривали на македонскиот фудбалски шампион во 3. квалификациско коло за Лига Европа се елиминираните од 2. квалификациско коло во ЛШ: Селтик-Номе Калју, БАТЕ Борисов-Розенборг, Дандалк-Карабах, Марибор-АИК и Ференцварош-Валета.

Принтскрин/UEFA.com

Тука се наоѓа и норвешкиот Розенборг од кого тетовските „црвено-црни“ минатото лето беа исфрлени во плеј-офот на Лига Европа. За унгарскиот Ференцварош настапува нашиот репрезентативец Стефан Спировски, но секако подобра е опцијата Валета од Малта.

Ждрепката за извлекување на паровите од 3. квалификациско коло на Лига Европа е в понеделник (22 јули) со почеток од 12.25 часот во Нион.

Дуелите се закажани за 8 и 15 август 2019, но фудбалерите на Ќатип Османи ќе мора првин да ја скокнат пречката Дуделанж (Луксембург) во рамките од второто квалификациско коло на ЛЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот