Пајо Паторот полни 90 години: Саканиот цртан лик кој ни ги одбележа детствата
Пајо Паторот, еден од најпознатите цртани ликови, светот првпат го виде на 9 јуни 1934 година во цртаниот филм „Малата мудра кокошка“.
Препорачано
Пајо е бела антропоморфна патка со портокалов клун, нозе и стапала. Најчесто е облечен во морнарска маичка и капа, но без панталони (освен кога оди на пливање).
Официјално, Пајо Паторот го слави својот роденден на 9 јуни, меѓутоа, во имагинацијата на Волт Дизни, тој е „роден“ малку порано, во 1931 година, кога за првпат се споменува во книга со приказни.

Една од главните причини зошто Дизни измислил нов херој е тоа што популарноста на Мики Маус почнала да опаѓа и славниот аниматор сакал да создаде лик кој по темперамент ќе се разликува од Мики.
Популарноста на темпераментната патка само растеше со текот на годините, а во 1958 година ја имаше честа да биде еден од домаќините на Оскарите. Сепак, ова не е единствената врска на Паја Патка со Оскарите. Филмот „Лицето на фирерот“ („Der Fuehrer’s Face“), во кој Пајо е главниот лик, ја доби престижната награда за најдобар краток анимиран филм во 1943 година.
A new 2D-animated ‘HOW NOT TO DRAW’ short starring Donald Duck has been released.
The beloved character turns 90 this year.pic.twitter.com/5ZUNKGg0Nt
— Disney Animation Promos (@DisneyAPromos) June 3, 2024
По војната, популарноста на Пајо продолжи да расте и тој добиваше сè повеќе „улоги“. Набрзо стана ѕвезда на компанијата „Дизни“ и миленик на публиката, а колку е сакан покажува и фактот што 9 јуни во Соединетите Американски Држави е прогласен за Национален ден на Пајо Паторот.
Тој доби ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд во 2004 година, придружувајќи им се на анимирани ликови како Мики Маус, Вини Пу и жабата Кермит.
Веселата природа и тешко разбирливиот говор на Пајо и денес се магнет за публиката, а во текот на неговата кариера овој патор се има појавено во речиси двесте филмови и важи за еден од најобјавуваните стрипови во светот.


