Пајазити: Ахмети може да обезбеди гласови за Шилегов, но се зависи од лојалноста на партнерите на СДСМ

Насер Пајазити, новинар и аналитичар, Фото: Архива

Знаејќи ги бастионите и машинеријата на ДУИ во Скопје, но и влијанието на Али Ахмети врз гласачкото тело во главниот град, калкулациите можат да бидат оптимистички за Петре Шилегов, вели за „Слободен печат“, новинарот и аналитичар Насер Пајазити коментирајќи ја можноста гласачите на ДУИ да ја направат разликата во вториот круг од локалните избори во Скопје и да му донесат победа на владејачкиот кандидат.

„Неговата победа не е само во рацете на ДУИ. ДУИ може да обезбеди гласови во своите бастиони, сепак се зависи од коалициите и другите партии кои се натпреваруваа со нивните кандидати во првиот круг. Опортунизмот на Шилегов да победи против Арсова, што е веќе во предност, ќе зависи од обезбедување поддршка и мобилизација на други лојални партнери на СДСМ и активирање на неопределените “, анализира Пајазити.

Ахмети лобира за Петре Шилегов!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот