„Пајакот“ однесе 68 возила

Подигање неправилно паркирано возило / Фото: ЈП „Градски паркинг“

Четири лица се полесно повредени во четири сообраќајки од вкупно осум што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје.

Според билтенот на СВР Скопје, побрзо од дозволената брзина возеле 51 возач, а под дејство на алкохол биле двајца возачи. Исклучени од сообраќај се и 18 возачи кои немале возачка дозвола, еден возач почетник, како и 18 нерегистрирани возила.

Сообраќајната полиција издала 54 казни, а поради непрописно паркирање подигнати се 68 возила со специјалното возило „пајак”.

Дневниот билтен на скопската полиција покажува дека се евидентирани и 10 возачи кои зборувале на мобилен телефон додека возеле и двајца возачи кои не носеле сигурносен појас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот