“Пајакот” однесе 46 возила

Подигање неправилно паркирано возило / Фото: ЈП „Градски паркинг“

Во текот на изминатот ден на подрачјето на СВР Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 21 возач управувале возила со брзина поголема од дозволената.

Од сообраќај се исклучени 24 возачи од кои 21 возач затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и тројца возачи затоа што биле возачи почетници. Исто така, исклучени од сообраќај се и 20 возила затоа што 19 биле нерегистрирани и едно поради претовар.

Санкционирани се тројца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, еден возач поради недавање првенство на минување на пешаци, еден возач поради неправилно престројување, еден поради неправилно престигнување, тројца возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, 22 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 37 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.

Во текот на изминатиот ден издадени се 67 казни и 46 возила се подигнати со специјално возило „пајак”. Изминатиот ден се случиле 11 сообраќајни незгоди во кои едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а шест лица поминале со телесни повреди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот