Пахор за Заедницата на српските општини: Да се почитува договорот

Борут Пахор
Борут Пахор/ Фото: EPA-EFE/FILIP SINGER

Најважните прашања можат да се решат со дијалог, а првиот услов е почитување на договореното. Ја разбираме одлуката на Уставниот суд, но како трета страна која не е потписник на овој договор. Доколку не е поинаку договорено, овој договор мора да се почитува и дијалогот секогаш да се враќа, изјави денеска во Приштина претседателот на Словенија, Борут Пахор, пренесува Нова.рс.

Изјавата на Пахор уследи по обраќањето на косовската претседателка Вјоса Османи, која напомена дека Заедницата на српските општини не е во согласност со Уставот на Косово и дека Србија не имплементирала 2/3 од договорот.

По вчерашната посета на Белград, каде што се сретна со српскиот претседател, словенечкиот претседател денеска е во еднодневна посета на Приштина.

Вјоса Османи: Косово е против „Отворен Балкан“, тоа ѝ служи на Србија за да го шири хегемонизмот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот