Паѓаат цените на роамингот меѓу земјите од Западен Балкан

Согласно договорот, до јули 2021 година цените во роаминг целосно ќе се укинат.

Цената за дојдовни повици во роаминг во регионот од денеска дополнително се намалува од 2,9 денари на 1,5 денари, а согласно Договорот помеѓу земјите од Западен Балкан што стапи во сила пред една година, во јули следната година цените во роаминг за разговори и користење податоци целосно ќе се укинат…

На денешниот онлајн состанок на министрите задолжени за дигитализација во регионот, Советот за регионална соработка и претставници од Европската Комисија е заклучено дека ќе се изработи мапа за следни чекори и рокови за укинување на цените во роаминг помеѓу земјите од Западен Балкан и земјите од Европската Унија, информира во видеообраќање министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

Согласно договорот, до јули 2021 година цените во роаминг целосно ќе се укинат. Ова е предусловот што Северна Македонија заедно со останатите пет држави од регионот го исполнува со цел воведување на „роаминг како дома” и со земјите од Европската Унија, наведе Манчевски.

Според генералната секретарка на Советот за регионална соработка Мајлинда Брегу, примената на договорот во изминатиот перуод е успешна регионална приказана сама по себе и регионот треба да ја повтори оваа формула.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот