Паѓа бројот на жртвите во Италија, вчера починати 431, нови 4092 заразени

Фото: EPA

Италијанската влада до 5 мај ги продолжи вонредните мерки воведени пред месец дена поради спречување на коронавирусот.

Во Италија во последниве 24 часа починаа 431 лице, а новозаразени има 4092.

Вчера имаше 619 смртни случаи, а ден претходно 570. Италија по САД е најпогодена земја во светот.

Вкупно во таа земја досега починаа 19.899 лица, а досега се забележани вкупно 156.363 случаи на зараза (вкупно заболени, починати и лица кои оздравеле).

Излечени се 34.211 лица, а 3.343 пациенти се во тешка состојба.

Инаку, италијанската влада до 5 мај ги продолжи вонредните мерки воведени пред месец дена поради спречување на коронавирусот. Таа одлука ја донесоа и покрај падот на бројот на починати и новозаразени во петокот и растот на бројот на опоравените.

Џузепе Конте веќе неколку дена е под двоен притисок.

Лекарите и научниците го повикуваат да не брза со укинување на изолацијата за да не се шири повторно пандемијата откако веќе 10 дена успорува.

Но, од друга страна, деловните кругови и бизнисмените го предупредуваат од големата штета која ја трпи, третата по моќност европска економија која од средината март е на работ на пропаст.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот