Падот на залихите на САД предизвикаа раст на цената на нафтата

Фокусот на трговците сега е на претстојната средба на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници од која се очекуваат понатамошни мерки за стабилизација на пазарот.

Цените на нафтата утрово се зголемија поради големиот пад на американските залихи, а фокусот на трговците сега е на претстојната средба на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници која треба да се одржи подоцна денеска, и од која се очекуваат понатамошни мерки за стабилизација на пазарот.

Цената на северноморската нафта „брент” се зголеми за 22 центи, или 0,5 проценти, на 43,12 долари за барел, а фјучерсите за американската нафта WTI пораснаа за 23 центи или 0,6 отсто на 40,52 долари за барел.

Закрепнувањето на побарувачката на гориво, и покрај пандемијата на коронавирусот, резултираше со пад на американските залихи за 8,3 милиони барели во неделата до 10 јули, надминувајќи ги очекувањата на аналитичарите за пад од 2,1 милиони барели, соопшти Американскиот институт за нафта (АПИ).

Официјалните податоци на Управата за информации за енергетика на Министерството за енергетика на САД треба да бидат објавени вечерва.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот