Падот на доларот ја „поткрена“ цената на нафтата

Пад на цената на нафтата / Фото: Архива на Слободен печат

Врз растот на неизвесноста на пазарот со нафта влијаат и влошените американско – кинески односи, особено откако Вашингтон му даде на Пекинг 72 часа да го затвори својот конзулат во Хјустон, под обвинение за наводно шпионирање.

Ослабувањето на вредноста на доларот влијаеше врз покачување на цената на суровата нафта, но загриженоста на инвеститорите поради големите американски залихи и големиот број на новозаболени од корона вирусот во светот и понатаму го ограничува растот на овој енергенс.

Северноморската нафта „брент“ зајакна за 35 центи или 0,8 отсто и сега барел нафта од овој тип се продава за цена од 44,64 долари.

Американската „ВТИ“ поскапи за 32 центи на 42,22 долари за барел, пренесе „Ројтерс“.

Индексон на доларот, кој ја мери вредноста на оваа во однос на останатите шест највлијателни светски валути утрово се тргуваше близу границата на најниското ниво од март годинава.

Ослабувањето на американскиот долар во принцип треба да ја зголеми потрошувачката на производи изразени во долари, бидејќи тие во ваква ситуација се поевтини од увозните од земјите со други валути.

Меѓутоа, американските залихи на сурова нафта и дестилати неочекувано потраснаа минатата недела додека побарувачката на гориво бележи опаѓање, што пак дополнително го ограничи денешниот раст на цената на „црното злато“.

Британската „Барклиз“ банка денеска излезе со проценка дека цената на „брент“ во 2020 година просечно ќе се движи околу 41 долар по барел, а „ВТИ“ околу 37 долари.

Врз растот на неизвесноста на пазарот со нафта влијаат и влошените американско – кинески односи, особено откако Вашингтон му даде на Пекинг 72 часа да го затвори својот конзулат во Хјустон, под обвинение за наводно шпионирање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот