Падот на БДП на Србија е типичен за сиромашните земји

Српската премиерка Ана Брнабиќ рече вчера дека вториот квартал е завршен со пад на БДП од 6,5 отсто, иако проектираниот бил многу поголем, минус 15,4 отсто.

Падот на бруто домашниот производ (БДП) на Србија во вториот квартал, кој после Литванија, е најмал во Европа, не значи многу зошто тоа е „типично за сиромашните земји“, рече денеска професорот на ФЕФА факултетот во Белград, Горан Радосављевиќ.

Во светот има најмалку уште десетина неразвиени земји кои имаат помал пад од Србија, а Белорусија во првата половина од 2020 година официјално има стопански раст, рече Радосављевиќ за Бета.

Помалиот пад на БДП на Србија отколку во другите европски земји, како што вели, не е резултат на добрите економски политики на државата, туку на структурата на стопанството кое е базирано на сектори кои не претрпеа штета среде пандемијата.

Српската премиерка Ана Брнабиќ рече вчера дека вториот квартал е завршен со пад на БДП од 6,5 отсто, иако проектираниот бил многу поголем, минус 15,4 отсто.

Таа рече дека веќе во јуни е остварен благ раст од 0,1 отсто и дека Србија во вториот квартал била втора најбрзо растечка економија во Европа, веднаш зад Литванија.

Радосављевиќ меѓутоа рече дека претставниците на власта со објавувањето на информациите пред да ги соопштат надлежните служби, ги „дерогираат институциите“.

„До почетокот на епидемијата, Министерството за финансии објавуваше презентација со детални макроекономски податоци, па можеа да се следат и споредуваат со претходниот период, посебно податоците за надворешната трговија, но таа пракса е укината, веројатно поради лошите резултати“, рече Радосављевиќ.

Додаде дека истовремено претставниците на власта ги соопштуваат резултатите за „феноменално“ нискиот раст пред тоа га го направат надлежните институции и со тоа неоправдано сами на себе си припишуваат заслуги.

Тој рече дека, судејќи според објавените податоци за индустриското производство, растот го влечат прехранбената, хемиската и Нафтената индустрија на Србија која минатата година поради ремонт не работеше.

Меѓутоа, следењето на кратките серии податоци, според зборовите на Радосављевиќ, ништо не зборува за една економија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот