Падобранецот на „Гринпис“едвај спасил жива глава, снајперисти го имале на нишан

epaselect epa09274403 A Greenpeace activist lands at Arena Munich with a parachute prior to the UEFA EURO 2020 group F preliminary round soccer match between France and Germany in Munich, Germany, 15 June 2021. EPA-EFE/Lukas Barth-Tuttas / POOL (RESTRICTIONS: For editorial news reporting purposes only. Images must appear as still images and must not emulate match action video footage. Photographs published in online publications shall have an interval of at least 20 seconds between the posting.)

Неверојатна ситуација се случи пред стартот на натпреварот помеѓу Германија и Франција на Евро 2020 кога еден падобранец падна на теренот со цел да го прекине дуелот, а всушност за влакно успеал да остане жив.
Имено, германската полиција за малку ќе пукала кон активистот на „Гринпис“ кој при слетувањето на Арената во Минхен ги оштетил ТВ каблите кои биле на кронот на стадионот.  При оштетувањето на ТВ каблите на трибините паднале парчиња од пластика и метал при што повредиле две лица кои завршиле во болница.
Снајперистите го имаа на нишан. Доколку полицијата утврдела дека станувало збор за терористички напад, тој слетувањето на стадионот ќе го платеше со својот живот – изјави баварскиот министер за внатрешни работи, Јоаким Херман.  

Падобранецот на „Гринпис“ при слетувањето повреди две лица на стадионот во Минхен

 

Видео на денот