Падобранецот на „Гринпис“ при слетувањето повреди две лица на стадионот во Минхен
Портпаролот на „Гринпис“, Бенџамин Стефан изјави дека нивната намера никогаш не била тој да слета на стадионот во Минхен, туку само да го прелета и да фрли гумена топка на теренот.
Пред вчерашната дерби пресметка помеѓу Германија и Франција во Минхен, падобранец слета на теренот, а при спуштањето се заплетка во една од камерите и за малку можеше да предизвика вистинска трагедија.
Падобранецот бил дел од „Гринпис“ која се бори за заштита на околината, но неговото слетување на теренот во Минхен, повреди две лица.
Портпаролот на „Гринпис“, Бенџамин Стефан изјави дека нивната намера никогаш не била тој да слета на стадионот во Минхен, туку само да го прелета и да фрли гумена топка на теренот.
– Пораката која ја носеше беше „исфрлете ја нафтата“, но технишките проблеми го натераа да слета на стадионот. Жалиме што го загрози здравјето на луѓето и повреди две лица – изјави Стефан.
И УЕФА реагираше и најави дека случајот ќе им го препушти на германските власти.
– Претставниците на законот ќе ги преземат потребните акции, а овој безобразен чин можеше да има сериозни последици за гол број навивачи, но и вака повреди неколку лица кои се наоѓаат во болница. УЕФА и нејзините партнери се обидуваат да ја намалат емисијата на јаглерод диоксид – соопшти УЕФА.
Според германскиот оддел на „Гринпис“, потегот со падобранецот претставувал протест кон Волксваген кој е еден од спонзорите на Евро 2020 и сакаат да претстане да произведува автомобили кои имаат мотори со внатрешно согорување.