„Паднав…“: Тереза Кесовија на својот 86. роденден заврши во болница
Познатата пејачка Тереза Кесовија денеска наполни 86 години, но за жал, овој роденден нема да може да го прослави бидејќи е во болница.
Пејачката со уморен глас едвај успеа да каже неколку зборови за „Нет.хр“.
„Во болница сум. Извинете, не можам да ви објаснам што ми се случи. Паднав, силно се удрив“, рекла таа.
Додала дека не е важно каде е во моментов и дека не размислува за родендени и прослави.
„Не ми е важно каде сум. Денес сум, утре не. Не ја ни запознав мајка ми, таа ме роди и брзо умре. За мене е смешно да славам роденден”, заклучила Тереза.
Пејачката и минатата година не се чувствуваше добро, по што поради последици од срцев удар беше префрлена во болница. Нејзината здравствена состојба ја загрижи нејзината бројна публика, но Тереза не сака да зборува за здравствените проблеми.