Паднаа тројца дилери

Во текот на изминатото деноноќие полицијата изврши претреси во одделни случаи по поднесени пријави за основање сомневање за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, а во одредени случаи поднеле и кривични пријави против осомничени за истото дело.

– Во Велес полициските службеници по наредба на Основниот суд извршиле претрес во домот на С.К. (39) и М.К. (41) од село Удово, при што била пронајдена одредена количина марихуана и семки од марихуана. М.К е уапсен и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава – велат од СВР Велес.

Од таму исто така инфомираат дека поднеле и кривична пријава против лицето К.Ќ.(31) од Неготино поради основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ откако на 2 април извршиле претрес во неговиот дом, како и во викендица која ја користел. На двете места полицијата пронашла и одзела марихуана, односно мешавина од марихуана и тутун.

Полицајците од Гостивар пак, поднеле кривична пријава против Х.М.(44) од село Чегране, Гостиварско, бидејќи при претрес направен на 11 април годинава во домот на Х.М. биле пронајдени и одземени 2.820 грама марихуана.

И од СВР Гевгелија поднеле кривична пријава против А.Ш. (28) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Имено, полицијата на 29 ноември минатата година при претрес во домот на пријавената, пронашла и одзела хероин и предмети со остатоци од хероин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот