Паднаа тешки зборови! Камионџијата Дарко Влогс се „закачи“ со раперот Таско! (ВИДЕО)

Фото: Инстаграм

Веќе неколку дена се случува вистинска војна на социјалните мрежи помеѓу камионџијата од Инстаграм Дарко Влогс и раперот Таско.

Дарко кој е познат по тоа што сака да се шегува на туѓа сметка, овој пат се „закачи“ за миленикот на помладата публика – популарниот Таско.

Камионџијата на својот профил на Инстаграм објави интервју од раперот каде зборува дека е против пеење песни во кои главна тема е дрогата.

 

View this post on Instagram

 

Тагирај фанови на настинативе ?

A post shared by Darko Jefremov (@darkovlogs) on

Дарко веднаш се обиде да го демантира, па објави неколку стихови од негови песни во кои се пее токму за марихуана, кокаин и слично…

Се разбира, Таско не остана покус, па преку „стори“ на неговиот профил на Инстаграм му врати на камионџијата.

– Не личи на животно, а не па на човек – е дел од објавата на раперот.

Фото: Инстаграм

Кој ќе излезе како победник од оваа војна, останува да видиме…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот