Паднаа обвиненија: Принцот Хари е виновен за катастрофата и штетата нанесени на британската монархија

Profimedia
Принцот Хари / Фото: Profimedia

Стручњаците за кралското семејство не престануваат да расправаат за катастрофата што им е нанесена на неговите членови, откако Меган Маркл и принцот Хари решија да го напуштат Лондон и да започнат живот далеку од сите, а сега прстот го вперија директно во главниот виновник, војводата од Сасекс.

Како што тврдат тие, причината за ова е што тој не ја подготвил добро својата идна сопруга Меган Маркл за живот во такво семејство, во кое традицијата е најважна.

Вината е делумно заедничка на Хари и Меган, но поголем дел оди на сметка на Хари, кој не ѝ објаснил сè како што треба. Тој можеби и не е најбистрото момче, но сосема е веројатно дека и не сакал да ѝ го објасни тоа. Напорна работа е да се биде дел од кралско семејство, иако луѓето не мислат така. Животот со нив не е гламур, а можеби не ѝ се допаднало сето тоа – откри Роберт Џобсон, автор на книгата „Векот на принцот Филип“.


Сепак, тој не ја отфрла целосно можноста Меган да е еднакво виновна, бидејќи и самата можела да се распраша повеќе и да знае „во што точно влегува“. Имено, според него Меган нема оправдување за тоа дека не знаела како сето тоа функционира и како ќе изгледа, бидејќи за помош можела да ја праша и Саманта Коен, долгогодишна личност од доверба на кралицата, која ѝ е доделена токму на војвотката за да ја научи за сето она што од неа се очекува. Сосема е веројатно дека тоа конечно би ги спречило војводите од Сасекс така да постапат.

Кога видела колку нејзината куќа е мала со оглед на она што го имаат Кејт и Вилијам, кои се број еден во семејството, веројатно ѝ засметало и помислила дека таа и Хари можат да имаат повеќе од нив, ако почнат да заработуваат на сметка на семејството. Но, тоа не беше прифатено – вели Џобсон и додава дека британскиот народ го финансира кралското семејство и со право очекува од нив да покажат почит.


Џобсон лично смета дека за сета мешаница виновен е Хари:

Го обвинувам него бидејќи ја знаел целата приказна, но го сакал својот дел од колачето, а тоа не оди така.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот