Паднаа бројни веб-страници на познати компании, меѓу нив PlayStation, Airbnb и British Airways

Фото: searchenginejournal.com

Попладнево паднаа бројни веб-страници на познати компании, меѓу нив PlayStation, Airbnb, UPS, British Airways и HSBC банка.

Посетителите кои се обидоа да пристапат до овие страници добија ДНС грешки, што значи дека не беше можен пристап до веб-страниците, односно веб пребарувачот не можеше да ја најде содржината што се бара.

Платформата за надзор на интернет платформи Downdetector објави илјадници проблеми на своите корисници. Некои веб-страници почнаа повторно да се појавуваат за корисниците во Европа и САД, а другите во азиските земји и понатаму останаа недостапни.

Видео на денот