ПАДНА ВЛАДАТА ВО АВСТРИЈА: Парламентот му изгласа недоверба на Себастијан Курц! (ВИДЕО)

Фото: ЕПА

Австрискиот парламент и изгласа недоверба на преодната влада на канцеларот Себастијан Курц.

Со гласовите на  пратениците од досегашниот коалициски партнер, на пратениците од Социјалдемократската партија на Австрија СПО, Парламентот и изгласа  недоверба на владата на Курц..

Против беа само пратениците од Народната партија на Курц и опозициската Неос партија.

Со денешното изгласување на недоверба канцеларот Курц влезе во историјата на Австрија како канцелар кој минал најкратко време на оваа должност, минувајќи го досегашниот рекордер Кристијан Керн за  55 денови.

За Курц денешниот ден беше 525 како шеф на владата. Досега тој рекорд го држеше Керн кој како канцелар мина 580 денови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот