„Падна“ уште еден дилер на петарди, полицијата го фатила на тетовскиот плоштад

Фото: МВР

Во нова одлучна акција на полицијата, уапсен е продавач на петарди и ракети од Тетово, кој пиротехничките средства ги продавал на градскиот плоштад, соопшти МВР.

„Денеска (23.12.2021) во 16.30 часот од страна на полициски службеници од ПС Тетово при преземање мерки по план за откривање на лица кои продават пиротехнички средства, на плоштадот во Тетово е лишен од слобода Р.Ш. (25) од Тетово, кој бил затекнат при продажба на пиротехнички средства“, велат од полицијата.

Запленети се околу 5.000 парчиња пиротехника и по документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок, додаваат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот