ПАДНА РОМАНСКАТА ВЛАДА: Парламентот и изгласа недоверба на премиерката

Фото: Принтскрин

Романскиот парламент денеска и изгласа недоверба на владата на премиерката Виорка Данчило, јавуваат тамошните медиуми.

Дури 238 пратеници гласаа за „рушење“ на премиерката иако биле неопходни 233 гласа за да се изгласа недоверба. Според информациите на светските медиуми, засега ќе биде формирана преодна влада до парламентарните избори закажани за 2020 година.

Политичката криза во Романија трае веќе некое време откако од неодамна опозицијата побара изгласување на недоверба, откако премиерката во август го загуби мнозинството, бидејќи еден од коалициските партнери на АЛДЕ се повлече поради несогласувања.

АЛЕД се повлече од владејачката партија бидејќи нивниот лидер Калин Тачинеан не успеал во намерата да има еден кандидат на претседателските избори во ноември.

– Ја запревме Социјалдемократската партија повеќе да не ги повредува Романците – изјавил Лудовик Орбан, лидер на опозициската Либерална партија, која и го барала гласањето за недоверба.

За многу луѓе во земјата, гласањето за недоверба е уште еден знак дека политичарите не се во контакт со романското општество.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот