Падна првиот снег во делови од Бутел и Гази Баба, општинските служби ги расчистуваат критичните точки

Фото: Општина Бутел

Во текот на изминатата ноќ на повисоките делови од општините Гази Баба и Бутел падна првиот снег, па општинските служби ги расчистуваа сите критични точки и обезбедуваа проодност на патиштата.

Кризниот штаб имаше целовечено дежурство, но никаде снегот не се задржуваше на коловозите. Рано утрово екипи од ЈКП „Гази Баба“ фрлија сол и ризла на дел од патот помеѓу населените места Булачани и Раштак со цел да се спречи замрзување и да се овозможи нормално одвивање на сообраќајот. Ги следиме најавите за намалување на температурите и евентуални нови врнежи – информира градоначалникот Бобан Стефковски.

Тој порача дека граѓаните можат да бидат спокојни, затоа што службите од општината се подготвени за успешно справување со сите предизвици во зимски услови.

И од Општина Бутел тврдат дека со навремена брза реакција го дочекале првиот снег.

Службите се на терен и расчистени се првите наноси на снег. Исчистени се сите повисоки места и критичните точки во Општина Бутел, село Љубанци и село Љуботен. Апелираме до возачите да внимаваат и да ја прилагодат брзината согласно условите на патот –  соопшти градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски, кои тврди дека сите улици се проодни и во возна состојба и дека кризниот штаб постојано ја следи ситуацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот