Падна првиот човек во бразилскиот фудбал поради сексуално вознемирување: Секој ден мастурбирам на тебе

epa07495191 The lawyer Rogerio Caboclo poses next to the shield of the Brazilian Football Confederation (CBF), in Rio de Janeiro, Brazil, 09 April 2019. Caboclo took over the presidency of the Brazilian Soccer Federation. EPA-EFE/Antonio Lacerda

Против претседателот на фудбалската федерација на Бразил (ЦБФ) е покрената постапка за разрешување од должноста откако вработена во Федерацијата го пријавила за сексуално вознемирување.

Бразилскиот фудбал го потресе голем скандал откако претседателот на федерацијата Рожерио Кабокло е казнет од страна на етичката комисија поради наводно сексуално вознемирување на вработена жена во ЦБФ и засега е суспендиран на еден месец.

Во меѓувреме, во јавноста се појави аудио снимка од разговорот помеѓу Кабокло и девојката, и која доколку се докаже дека е автентична, тогаш тој засекогаш ќе биде исфрлен од фудбалот.
Кабокло стана претседател на Бразилската фудбалска федерација во април 2019 година, а во преписката која се одвивала на 16 март, јасно се гледа дека имало сексуално вознемирување кон вработена девојка во самата Федерација.

Кабокло девојката ја повикал во својата канцеларија и ѝ предложил заедно да испијат по една чашка вино. Откако девојката го одбила, тој започнал да и се додворува. Но, девојката успеала на еден од колегите да му испрати СМС порака, по што тој влегол во канцеларијата на претседателот на ЦБФ и измислил причина за заедно со девојката да ја напуштат канцеларијата.
Истиот ден, откако завршило работното време и сите си заминал, Кабокло во алкохолизирана состојба и телефонира на девојката, која одлучила да го сними разговорот кој сега го објави Глобо.
Дали си во врска со некого? – ја прашал претседателот вработената девојка која веднаш по разговорот се обратила до етичката комисија на Федерацијата.
Не, жена може да биде добро и доколку е слободна – таа му одговорила.
Шефе, јас со вас не сакам да разговарам за вашиот сексуален живот. Тоа не ме интересира.
Знаеш, јас секој ден мастурбирам на тебе. Дали можеш да одолееш… Дали мастурбираш и ти? – бил агресивен првиот човек на бралскиот фудбал.
Шефе, довидување – му одговорила девојката.

Според Глобо, Кабокло и наредните денови и телефонирал на девојката, и притоа ја навредувал. Таа во април годинава одлучила да му се спротивстави на 9. април земала неплатен одмор поради здравствени проблеми и оттогаш ја започнува правната борба со Кабокло. Ја испртила аудио снимката на неколку адреси, а етичката комисија на ЦБФ изминатиот викенд донее одлука за смена на претседателот Кабокло, односно едномесечна суспензија додека целосно не го истражи случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот