ПАДНА ОДЛУКА: СЈО останува во игра за аферата „Траекторија“

Фото: Мета.мк

Неосновано е барањето за изземање на СЈО и неговите обвинители во случајот “Траекторија”. Без разлика што обвинителката Катица Јанева е во притвор, тоа нема да влијае на постапката. Ова после 3 часовна пауза го соопшти судијата Горан Бошевски од скопска единица, по однос на барањето на одбраната на обвинетите СЈО да се изземе од овој случај.

Судењето продолжува на 16-ти овој месец со изнесување на остатокот од материјалните докази. Во „Траекторија“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски на кого му се суди во отсуство, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски и екс директорот на ЈП Државни патишта Љупчо Георгиевски.

Според обвинението на СЈО, обвинетите во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатиштата Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања. Со тоа му нанеле штета на Буџетот од најмалку 155 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот