ПАДНА ОДЛУКА Ќе пукаат „бомбите” за масакрот кај Смилковско Езеро

На 18-ти овој месец, откако ќе бидат прочистени од некултурните и вулгарни зборови, во судница во Кривичен суд ќе бидат пуштени снимките што ги поседува СЈО за петкратното убиство што се случи на Смилковското Езеро.

Судечкиот судија во предметот “Монструм”, Огнен Ставрев изјави дека за него уште овластени обвинители за овој предмет се Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

– Мене никој не ме известил поинаку. Нека одлучи Јавниот обвинител за отстапувањето на предметите од Катица Јанева, меѓу кои е и овој, па ќе видиме што понатаму. Сега судењето ќе продолжи – рече Ставрев.

Петкратното убиство се случи на 12 април 2012 година кај езерото во атарот на селото Смилковци, близу Скопје. Убиени беа четири момчиња на возраст од 18 до 21 година од населбата Радишани, Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, како и Борче Стевковски, 45 години, од селото Црешево. Убиствата се случиле меѓу 19:30 и 22:30 часот кога биле најдени телата на убиените. Обдукцијата врз убиените покажало дека во нив е пукано од три типа огнено оружје, зашто се најдени чаури од три различни типа муниција, што сугерира дека има повеќе од еден извршител на чинот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот