Падна „круната“ на Ливерпул, Атлетико го освои „Енфилд“! (ВИДЕО)

фото: твитер

Во 94 минута од првото продолжение играчите на Клоп имаа четвртфинале, но Атлетико Мадрид не се предаде и направи целосен пресврт за победа.

Во реванш натпреварот од осминафиналето во Лигата на шампионите, вечерва екипата на Ливерпул доживеа елиминација после двете продолженија на „Енфилд“.

Како потсетување, во првиот меч Атлетико Мадрид пред своите верни навивачи обезбедија минимална позитива од 1:0.

Ливерпул успеа во регуларните 90 минути да постигне гол и ги одржи надежите за учество во наредната фаза.

Непосредно пред крајот на првото полувреме, Окслејд-Чемберлејн прецизно центрираше до главата на Вајналдум кој успеа да ја затресе мрежата на „јорганџиите“.

Во првото продолжение, поточно во 94. минута голема радост на домашните трибини, бидејќи Фирмино стрелаше за 2:0 и во тие моменти Редси имаа резултат кој што ги водеше во четвртфиналето.

Но, Шпанците не се предадоа, а освен тоа дури направија и целосен пресврт на вечерашната средба за триумф.

Љоренте во 97. минута намали со еден прецизен удар од работ на шеснасетникот, а истиот играч (105+1`) постигна уште еден прекрасен гол за израмнување после асистенцијата на Мората.

„Црвените“ во овој момент беа свесни дека мораат да постигнат уште два гола, но безуспешно, а сите нивни надежи во финишот од второто продолжение (120+1`) ги урна Мората за конечни 2:3.

Да додадеме уште дека во нов учесник на четвртфиналната фаза се проморираше францускиот првак ПСЖ кој беше подобар од Борусија Дортмунд (2:0).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот