Падна и Веспрем, Лазаров и Нант ќе играат на завршниот турнир во ракометната ЛШ

лазаров
Македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров со ново признание од ЕХФ/Фото: EPA-EFE/Henning Bagger

Селекторот и капитен на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, ќе игра на завршниот турнир во ракометната Лига на шампиони откако неговиот тим го елиминира Веспрем во четвртфиналето.
Нант загуби со 32:30 во реваншот во Унгарија, но залихата од четири гола од првиот натпревар (32:28) беше доволна за францускиот тим и Лазаров да обезбедат пласман на завршниот турнир во Келн.
На унгарскиот тим не му помогна ни публиката во Веспрем Арената иако по првото полувреме имаше предност од три гола (18:15). Во воедните минути од вториот дел, Веспрем дојде и до 20:16, но потоа следеше серија од 0:4 на Нант со која израмни на 20:20, а потоа и поведе со 23:25. Во финишот, Лазаров постигна три од петте последни голови за својот тим кој успеа да го елиминира Веспрем.

Лазаров постигна четири гола за својот тим, а одлична партија прикажаа и Балагер со шест и Гурбиндо и Печмалбек со по пет постигнати голови, додека кај Веспрем Петар Ненадиќ даде седум гола.
Нант така им се приклучи на Алборг и на ПСЖ на завршниот турнир, а последниот патник ќе биде познат по одигрување на последниот четвртфинален натпревар во кој Барселона на домашен терен ќе ја брани предноста од 33:29 од првиот натгпревар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот