Падна хеликоптер во Русија, се верува дека има загинати

Хеликоптер фото МИА

Во Астраханската област во Русија падна хеликоптер, а во несреќата, според неофицијални информации, загинал пилотот, пренесе извор на итните служби на Русија.

Според информациите од портпаролот на Министерството за вонредни ситуации во Русија, хеликоптерот паднал во селото Линејново, а на местото на среќата се упатила оперативна група.

Информациите за загинати се проверуваат.

Извор од итните служби соопшти дека хеликоптерот би можел да биде приватен, а можно е да ѝ припаѓа на нафтената компанија „Лукоил“.

Меѓутоа, прес-службата на „Лукоил“ ги неиграше таквите информации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот