ПАДНА ДОГОВОР: За 65 милиони активирана клаузулата на Икарди!

фото:твитер

Се очекува францускиот шампион да го откупи договорот на Мауро Икарди за сума од 65 милиони евра.

Потсетување дека напаѓачот од Аргентина во редовите на ПСЖ игра како позајмица од екипата на милански Интер.

Тренерот на париските „светци“ е задоволен од игрите на Икарди, стрелец на девет голови на последните 10 натпревар.

Шампионот на Франција дури и подготви зголемување на неговата плата од сегашните девет милиони евра нето годишно на 12 милиони и тоа без бонуси, што е многу повеќе од платата што му следува во Интер, доколку се врати во Милано (7,5 милиони евра).

Интер од друга страна би биле задоволен од понудата и со тие пари дефинитивно би се освежил тимот на Антонио Конте со нови квалитетни засилувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот