Падна договор, Влаховиќ се сели во Јувентус

Душан Влаховиќ кариерата ја продолжува во Јувентус/ фото: EPA-EFE/CLAUDIO GIOVANNINI

Српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ кариерата ќе ја продолжи во Јувентус, пренесуваат италијанските медиуми. „Старата дама“ понудила 75 милиони евра за Влаховиќ, а Фиорентина ја прифатила истата и се очекува до крајот на неделата да се официјализира трансферот.

Новинарот Фабрицио Романо пишува дека двата клуба ги договориле сите детали околу отштетата и останува уште Јувентус да се договори со фудбалерот за платата.
Според весникот „Газета дело спорт“, Влаховиќ ќе потпише петгодишен договор и платата ќе му изнесува седум милиони евра.

Влаховиќ во Јувентус ќе пристигне веднаш, а не во јуни како што посакуваше Фиорентина.
Српскиот репрезентативец беше на радарот и на Тотенхем и Арсенал, но на крајот пресуди неговата желба да остане во Серија А и да игра за Јувентус.
Фиорентина замената за Влаховиќ ја најде во Базел од каде ќе го купи Артур Кабрал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот