Падна договор: Димитриевски за 10 милиони  евра се сели во Ал Наср

Столе Димитриевски запиша нов настап во шпанската „Ла Лига“/ фото: EPA-EFE/Kiko Huesca

Голманот на фудбалската репрезентација на Македонија, Столе Димитриевски кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија и тоа во екипата на Ал Наср.

Сегашниот клуб на Димитриевски, Рајо Ваљекано се согласил да го пушти македонскиот репрезентативец во Ал Наср откако тимот од Саудиска Арабија одлучи да го плати бараното обесштетување од 10 милиони евра.

Официјализацијата на трансферот се очекува да биде во наредните денови бидејќи Димитриевски претходно ги договори личните услови со тимот од Саудиска Арабија.

Видео на денот