ПАДНА БАНДАТА што крадеше по домовите на шпанските фудбалери

Балканвеб

Банда на крадци падна во рацете на шпанската полиција, при што се уапсени четири лица, меѓу кои и еден Албанец. Шпанските медиуми јавуваат дека членовите на оваа банда ги имаа за цел домовите на фудбалерите на Реал Мадрид и Атлетико Мадрид.

Уапсениот Албанец е идентификуван како М.З. и е уапсен за насилен грабеж во куќата на Жозе Луис Морена, настан што се случил во 2007 година, јавува Балканвеб.

Полициската операција беше реализирана меѓу градовите Мадрид и Толендо, каде беа уапсени неколку членови од бандата.

Меѓу украдените предмети, полицијата успеа да го пронајде и медалот на Лигата на шампионите на Томас Партиј. Некои од фудбалерите чии домови се ограбени се Касемиро, Иско, Зифан, Мората, итн. Воглавно, нивните домови беа ограбени во деновите кога фудбалерите имале важни натпревари.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот